• недела, 08 март 2026

Роналдињо му се обрати на олимпискиот шампион Братен: Ти си гордост на сите Бразилци

Роналдињо му се обрати на олимпискиот шампион Братен: Ти си гордост на сите Бразилци

Рио де Жанеиро, 15 февруари 2026 (МИА) – Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо, му се обрати на алпскиот скијач Лукас Пињеиро Братен, кој освои злато во велеслалом на Олимписките игри во Милано во 2026 година.

Дваесет и петгодишниот скијач кој се натпреваруваше за Норвешка до 2023 година, му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата.

-Честитки за златниот медал, Лукас! Ти си извор на гордост за сите нас!“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Пред сезоната 2023/24, алпскиот скијач го објави своето пензионирање по кавга со Норвешката скијачка федерација. Сепак, во март 2024 година, тој се врати во спортот под бразилското знаме. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан