• четврток, 26 март 2026

Рома има најмногу победи во Серија А во 2025 година

Рома има најмногу победи во Серија А во 2025 година

Рим, 30 декември 2025 (МИА) - Рома има најмногу победи меѓу тимовите од Серија А во календарската 2025 година – вкупно 26.

Ова е четврти пат Рома да постигне повеќе од 25 победи во една календарска година во најсилната италијанска лига. Претходните 26 победи беа во 2006 и 2016 година, а 28 во 2017 година.

Во 2025 година, Рома освои 82 бода, Интер 77, а Наполи има 75.

Во сезоната 2025/26, Рома е четврта на табелата во италијанското првенство со 33 бода по 17 натпревари. Интер води со 36 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан