Рома го победи Лацио во градското дерби
- Рома попладнево го победи Лацио со 1:0 во натпревар на гостински терен во 4. коло од Серија А.
Рим, 21 септември 2025 (МИА) - Рома попладнево го победи Лацио со 1:0 во натпревар на гостински терен во 4. коло од Серија А.
Играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, го постигна единствениот гол во 38. Минута и го реши дербито на Рим.
Лацио играше со 10 играчи од 86. минута откако играчот од средниот ред Реда Белиан беше исклучен поради прекршок.
Рома, со 9 бода од 4 натпревари, е четврта на табелата во Серија А. Лацио има три бода на 14.позиција. зс/
Фото: ЕПА