• петок, 05 јули 2024

Рома го откупи договорот на Шпанецот Анхелињо

Рома го откупи договорот на Шпанецот Анхелињо


Рим, 31 мај 2024 (МИА) – Италијанскиот прволигаш Рома официјално објави денеска дека го откупи од германски Лајпциг договорот на 27-годишниот шпански фудбалер Анхелињо.
Шпанското лево крило од оваа календарска година го носи дресот на римскиот тим и очигледно ги задоволи челниците на Рома.
Анхелињо ја почна професионалната кариера во Манчестер Сити, но од англискиот шампион најчесто беше позајмуван на други клубови.
Во помладите категории настапуваше за шпанската репрезентација до 17 и до 21 година.
Рома оваа сезона ја заврши на шестото место во Серија А. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан