• сабота, 21 декември 2024

Романскиот министер за здравство казнет поради неносење маска

Романскиот министер за здравство казнет поради неносење маска
Букурешт, 2 април 2021 (МИА) – Романскиот министер за здравство Влад Војчулеску е казнет со 1.500 леи (околу 300 евра) за неносење заштитна маска, што е една од задолжителните мерки за спречување на ширење на коронавирусот во земјата. Полицијата во Букурешт соопшти дека казнила „еден член на Владата“ за непочитување на прописите за задолжително носење заштитна маска. Војчулеску во понеделникот беше фотографиран во Парламентот без маска, а подоцна неговото Министерство соопшти дека учествувал на видеоконференција и оти ја симнал маската за да може да зборува и да пие вода. Тој во средата рече дека бара да биде казнет и се извини затоа што не носел маска на јавно место. јт/

Остани поврзан