• четврток, 21 ноември 2024

Романската министерка Фиреа поднесе оставка по малтретирање на стари лица

Романската министерка Фиреа поднесе оставка по малтретирање на стари лица

Букурешт, 14 јули 2023 (МИА) - Романската министерка за семејни прашања Габриела Фиреа денеска поднесе оставка поради скандал со наводна злоупотреба на домови за стари и возрасни лица со посебни потреби, јавија британските медиуми. 

Фиреа (51) е вториот министер во новата влада на Марчело Чолаку што поднесе оставка оваа недела, пред неа беше министерот за труд Мариуш Будај. Обвинителството на 4 јули објави дека покренало кривична истрага против 26 осомничени за шверц на луѓе, измама, фалсификување и создавање криминални групи кои малтретирале стари лица во домови.

По поплаки од невладини организации и соседи, обвинителството упадна во три старечки домови за стари лица во градот Волунтари, во близина на Букурешт, каде што нашле 98 валкани, неухранети, помодрени жртви.

Постарите лица биле изложени на „нехумано или понижувачко постапување“, велат обвинителите, додавајќи дека биле принудувани да работат, физички малтретирани, им била ускратена храна и медицинска нега, хигиена, додека осомничените проневериле имот од 1,18 милиони долари.

Одлуката за оставка Фиреа ја објави на Фејсбук по средбата со Чолаку. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан