• сабота, 23 ноември 2024

Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ во Украина

Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ во Украина

Букурешт, 3 септември 2024 (МИА) - Долниот дом на романскиот Парламент о вторникот усвои денеска усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“.

Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“.

Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан