• четврток, 26 март 2026

Романија усвои нацрт-закон за соборување дронови кои илегално влегуваат во земјата

Романија усвои нацрт-закон за соборување дронови кои илегално влегуваат во земјата

Букурешт, 27 февруари 2025 (МИА) - Романскиот Сенат усвои „закон за беспилотни летала“, односно предлог-закон со кој се одобрува соборување беспилотни летала кои неовластено ќе влезат во воздушниот простор на земјата.

За предлог-законот гласаа 81 пратеник, 12 гласаа против, а двајца беа воздржани, пренесува Романија Џурнал.

„Беспилотно летало кое илегално ја преминува државната граница на Романија и лета во националниот воздушен простор без дозвола може да биде уништено, неутрализирано или може да се преземе контрола“, се наведува во нацрт-законот.

Надлежните дополнително ќе одлучат кој ќе има овластување да донесе одлука за соборување на дронови. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан