Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Евро 2026
- Македонската ракометна репрезентација, вечерва, од 18 часот, ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија.
Хернинг, 20 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација, вечерва, од 18 часот, ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија.
Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах.
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол разлика, а исто таков епилог ќе треба да има и на средбата меѓу Данска и Португалија.
Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со три бода и гол разлика +6, Македонија е трета со еден бод и -12, а Романија е последна без освоен бод.
Во следната фаза ќе одат двете првопласирани, но и третото место е од големо значење за добивање полесен противник во жрепката за Светското првенство 2027. зс/
Фото: РФМ