Романија до втора победа во групата
- Кошаркарската репрезентација на Романија ја постигна втората победа во групата Е од претквалификациите за Светскиот куп Катар 2027
Орадеа, 6.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Романија ја постигна втората победа во групата Е од претквалификациите за Светскиот куп Катар 2027. Совладана беше Унгарија со 76:64, откако претходно во Куманово во саботата славеше победа над Македонија.
Резултат по четвртини: 13:21, 19:11; 22:16 и 22:16.
Првата четвртина им припадна на гостите, но романските кошаркари на полувреме успеаја да изедначат на 32:32. Дуелот беше решен во второто полувреме откако домашната репрезентација ги доби двете четвртини (третата и четвртата) со идентични 22:16.
Најефикасен на натпреварот беше Михаи Мациука од Романија, кој постигна 21 поен, додека кај Унгарија најмногу поени постигна Золтан Перл - 15.
Романија е лидер во групата со две победи, додека Македонија и Унгарија имаат по еден пораз. Овие две репрезентации ќе играат меѓусебе на 9.август во Шолнок. мн/
Фото: Фејсбук Кошаркарска федерација на Македонија