• петок, 22 ноември 2024

Ролфс за Алонсо: Оптимист сум, верувам дека ќе остане

Ролфс за Алонсо: Оптимист сум, верувам дека ќе остане

Леверкузен, 29 февруари 2024 (МИА) - Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс пред германските медиуми зборуваше за статусот на тренерот Чаби Алонсо.

Ролфс истакна дека Алонсо има се што му треба во Леверкузен и дека се чувствува удобно.

- Сè уште сум мирен и оптимист. Најважно за тренерите е да се чувствуваат спокојно и да имаат впечаток дека се на вистинското место, а Чаби знае дека тоа веќе го има во Леверкузен - тоа и самиот го кажа неколку пати. Затоа тој работи вака со тимот секој ден - изјави некогаш успешниот играч за врска.

Тој ги коментираше и бројните шпекулации за интересот за Алонсо.

– Има многу шпекулации, и не мора секој да учествува во тоа – заклучи Ролфс.

По одличните игри на Баер Леверкузен, интересот за Чаби Алонсо рапидно порасна, а тој најчесто се поврзува со Баерн и Ливерпул.

Да потсетиме, „фармацевтите“ се први во Бундеслигата со осум бода повеќе од Баерн Минхен и се на добар пат да ги симнат „баварците“ од тронот во Германија.дс

Фото: Архива

Остани поврзан