• четврток, 21 ноември 2024

Розмари Дикарло: Тензиите околу Украина достигна највисоко ниво од 2014 година

Розмари Дикарло: Тензиите околу Украина достигна највисоко ниво од 2014 година
Њујорк, 17 февруари 2022 (МИА) -  Тензиите околу Украина достигна највисоко ниво од 2014 година, изјави денеска заменик-генералниот секретар на ОН за политички и мировни прашања, Розмари Дикарло, на седницата на Советот за безбедност на ОН. „Денес, една година по последниот состанок, тензиите во и околу Украина се повисоки од кога било од 2014 година. Шпекулациите и обвинувањата за потенцијален воен конфликт се во пораст, а реалноста е дека моменталната ситуација е крајно опасна“. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска предупреди дека руските сили се подготвуваат да ја нападнат Украина во „наредните денови“ и нагласи дека Москва планира да направи изговор за агресија. Блинкен на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина рече дека претходно денеска испратил писмо до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во кое предлага да се сретнат во Европа следната недела, откако ја повика Русија отворено и јасно да потврди за време на состанокот дека нема да извши инвазија врз Украина. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан