• четврток, 26 март 2026

Родри нема да игра против Грузија и Бугарија

Родри нема да игра против Грузија и Бугарија

Мадрид, 6 октомври 2025 (МИА) – Фудбалерот на Шпанија и Манчестер сити, Родри, нема да може да игра во квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Грузија и со Бугарија поради повреда.

- Родриго Ернандез е повлечен од составот на Шпанија за квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Грузија во Елче и Бугарија во Ваљадолид поради повреда здобиена по лекарскиот преглед. Тој беше заменет на натпреварот помеѓу Брентфорд и Манчестер сити оваа недела, објави Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF).

Шпанија е лидер во групата Е со шест бода по два натпревара.

Натпреварите против Грузија и Бугарија ќе се играат на 11 и 14 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан