• сабота, 21 декември 2024

Родри закрепнува одлично, може да се врати уште оваа сезона

Родри закрепнува одлично, може да се врати уште оваа сезона

Манчестер, 15 декември 2024 (МИА) -  Манчестер Сити и шпанската репрезентација на 23 септември дознаа страшни вести. Во дербито против Арсенал, Родриго, клучниот играч на клупскиот шампион на Англија и репрезентативен шампион на Европа, ги скина вкрстените лигаменти на десното колено. Набрзо беше опериран, со прогнози дека ќе се врати на фудбалот едвај за време на подготовките за следната сезона, летото 2025 година. Тогаш Родри ја освои „Златната топка“, а неговата нога беше во таква состојба што со со помош на Дидие Дрогба, тој едвај се качи на сцената за да ја прими наградата.

Но, два и пол месеци по операцијата пристигнуваат неверојатни вести. Англиски „Сан“ објави дека Родри трча и дека би можел да се врати на терените веќе оваа сезона. Добитникот на „Златната топка“ е веќе неколку месеци пред предвиденото во однос на опоравувањето, додава истиот извор.

Една недела пред тешката повреда, Родри го осуди зголемувањето на бројот на натпревари по сезона поради последиците врз здравјето на играчите, но и врз квалитетот на играта. Минатата сезона Родри одигра 50 натпревари за клубот и осум за репрезентацијата со која ја освои титулата европски првак.

Тој играше за Виљареал и Атлетико Мадрид пред Сити да го донесе за 70 милиони евра во 2019 година. Освои 13 клупски трофеи и стана еден од најдобрите играчи во светот. Во негово отсуство, Гвардиола се обидува да го замени со Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Рико Луис, но безуспешно.

Откако остана без Родри, започна големиот пад на Сити, а тренерот на тимот, Пеп Гуардиола, го даде следниот коментар: „Колку трофеи освоија Булси без Мајкл Џордан?“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан