• четврток, 04 декември 2025

Родриго не сака да се пресели во Тотенхем

Родриго не сака да се пресели во Тотенхем

Мадрид, 29 јули 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, одбива трансфер во Тотенхем. Тој претпочита попрестижен клуб во случај да го напушти Реал.

Деновиве се појавија информации дека лондонскиот клуб е заинтересиран за крилниот фудбалер и се надева дека ќе го добие за помалку од 90 милиони евра.

Според шпанските медиуми, Тотенхем се распрашал за Родриго, но преговорите во моментов не се во тек. 

Минатата сезона, Родриго одигра 30 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи шест гола и пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан