• петок, 22 ноември 2024

Роберт Патинсон: Не сакам да ме помнат како најлошиот „Бетмен“

Роберт Патинсон: Не сакам да ме помнат како најлошиот „Бетмен“
ссмЛос Анџелес, 17 февруари 2022 (МИА) - Роберт Патинсон синоќа во „Шоуто на Џими Кимел во живо“ го претстави својот нов филм „Бетмен“, каде што се обидува да не потфрли пред Мајкл Китон, Вал Килмер, Џорџ Клуни, Кристијан Бејл и Бен Афлек кои во поновата историја го отелотворија Брус Вејн и неговото „алтер его“. Но, за Патинсон токму тоа бил најстресниот миг. - Ако сте лош како „Бетмен“, нема поголема катастрофа од тоа, нели?, праша Кимел. - Постојано ми кажуваат дека не е така, рече Патинсон. - Ми велат - ако сè ова не успее, пак ќе бидеш дел од нешто навистина посебно. Но, не сакам да бидам најлошиот. Тоа би било она по што ќе ме помнат, додава глумецот. Тој натаму раскажува дека му треба посебна психолошка и хормонална („серотонинска“) подготовка за да се погледне себеси на големиот екран. - Ми треба да вежбам претходно, треба да имам и огромна количина шеќер и кофеин. Потоа, што и да гледам, велам - „Одлично!“, објасни Патинсон. Во справувањето со тој стрес, особена помош и поддршка има во својата девојка Суки Вотерхаус која прави сè да мине во најдобар ред. Новиот „Бетмен“ филм ќе се прикажува од 4 март.  си/ссм/ https://www.youtube.com/watch?v=mqqft2x_Aa4

Остани поврзан