• четврток, 07 ноември 2024

РКЕ ги следи препораките за штедење на електрична енергија

РКЕ ги следи препораките за штедење на електрична енергија
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата  за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила. -Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ . Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700-800 евра мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи со оваа цена особено, компаниите коишто имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да им помогне од аспект на обезбедување на поевтина електрична енергија, рече Бислимоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. Тој нагласи дека РКЕ има анализи и постојано ги следи трговците за струја и прави мониторинг на пазарот. -За првите шест месеци продажната цена на снабдувачите во нашата држава е пониска од набавната цена поради тоа што поголемите снабдувачи имаат договори коишто се направени по далеку пониски цени и поради тоа ја имаме таа ситуација. Некаде во јули или август ги немаме добиено податоците, но тоа што го добиваме од компаниите маржата се движи од 5 до 20 проценти, па некаде и 25 проценти, но се уште немаме добиено конечни податоци, рече Бислимоски во одговор на прашање. Тој посочи дека РКЕ не може да ги ограничи маржите за продажба на електрична енергија. -Треба да ги следиме препораките коишто ги прави ЕУ која ќе определи одреден гап – максимум до каде што може да одат маржите и верувам дека тоа брзо, брзо ќе се случи и во нашата држава, рече Бислиомски. За обвинувањата дека ЕСМ ги продава ноќните вишоци по цена пониска од 50 проценти од пазарната нагласи дека е добро што воопшто може д аја продаде денергијата која инаку ќе отидат во мрежата без пари. -Ако не се продадат тие ноќни вишоци тие ќе отидат во мрежа без пари бидејќи поевтино е да отидат во мрежа отколку да го намалуваме производството на термоелектраните. И колку што знам тие вишоци се продаваат, беа од 2 наутро до 7 часот и тоа е еден пазарен продукт којшто не е баш интересен, бидејќи нашите фирми не работат од 2 наутро до 7 часот наутро и не може струјата да се складира. Затоа се продава негде каде што може да се продаде, посочи Бислимоски. вј/лв/

Остани поврзан