• недела, 22 декември 2024

Ријад: Мина поставена од Хутите погоди товарен брод во Црвено Море

Ријад: Мина поставена од Хутите погоди товарен брод во Црвено Море
Ријад, 25 декември 2020 (МИА) - Морска мина поставена од јеменските бунтовници Хути денеска погоди товарен брод во Црвено Море, јави саудиската телевизија ал Екбарија. Телевизијата не наведе во чија сопственост е бродот и дали експлодирал. Саудиска Арабија често е мета на напади на Хутите, поради нејзината вмешаност во јеменскиот конфлликт. На 14 декември во Џеда експлодира танкер со нафта, што пловеше под знамето на Сингапур. Тоа беше четврти напад врз енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија во изминатиов месец, што го отвора и прашањето за безбедноста на бродовите во Црвеното Море, клучна транзитна зона за глобална испорака и транспорт на нафта, што може да влијае на глобалните цени на овој енергенс. Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се десетици илјади луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош. ми/

Остани поврзан