• среда, 15 мај 2024

РИК: Резултати од претседателските избори на 100 отсто обработени избирачки места во Србија

РИК: Резултати од претседателските избори на 100 отсто обработени избирачки места во Србија
Белград, 4 април 2022 (МИА) - Републичката изборна комисија (РИК) вечерва ги објави резултатите од претседателските избори на 100 отсто обработени избирачки места во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ на седницата на РИК кажа дека бројот на избирачи кои се запишани во избирачкиот список е 6.305.816, излегле 3.697.147 граѓани, а гласале 3.681.561. - Неважечки ливчиња се 87.445, а бројот на важечки ливчиња изнесува 3.594.116, изјави Димитријевиќ. Тој ги објави и прелиминарните резултати од претседателските избори: Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија“ – 18,32 отсто – 674.567 гласови Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада“ – 5,97 отсто – 219.970 гласови Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок“ – 4,38 отсто – 161.212 гласови Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници“ – 4,25 отсто – 156.635 гласови Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме“ – 3,20 отсто – 117.784 гласови Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти“ – 2,03 отсто – 740.866 гласови Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот - Миша Вациќ“ - 0,87 проценти - 32.074 гласови. об/

Остани поврзан