• сабота, 06 декември 2025

Ридигер во Реал Мадрид до 2026 година

Ридигер во Реал Мадрид до 2026 година
Мадрид, 20 јуни 2022 (МИА) – Германскиот фудбалски репрезентативец Антонио Ридигер потпиша денеска официјално договор со Реал Мадрид, објави шпанскиот првак. Ридигер (29) претходно денеска ги мина медицинските прегледи во Мадрид, а потоа во присуство на претседателот на Реал, Флорентино Перез, потпиша четиригодишен договор со актуелниот шпански и европски првак. Германецот дојде во мадридски Реал без обесштетување, откако му истече договорот со Челзи. Ридигер во Реал ќе го носи дрес со бројот 22. ег/паг/

Остани поврзан