• понеделник, 25 ноември 2024

Ривалските лидери на Јужен Судан се согласија да формираат коалициска влада

Ривалските лидери на Јужен Судан се согласија да формираат коалициска влада
Џуба, 20 февруари 2020 (МИА) - Ривалските лидери на Јужен Судан објавија денеска дека се согласиле да формираат коалициска влада само два дена пред последниот рок, што е голем чекор кон прекинување на петгодишната граѓанска војна во која загинаа речиси 400.000 луѓе.
Двајцата спротивставени лидери двапати во изминатата година не успеаја да формираат преодна влада која треба да доведе до избори за три години, на барање на САД и другите земји.
Опозицискиот лидер Рик Машар во главниот град Џуби изјави дека тој и претседателот Салва Кир се договориле по формирањето влада да го решат секое преостанато прашање од мировниот договор од септември 2018 година.
- Се согласивме да формираме влада за два дена, на 22 февруари. Ќе разговараме и за дуги прашања и уверен сум дека ќе дојде до решение, рече Машар по состанокот со Кир.
Шефот на државата потврди дека тие двајца се договориле да владеат заедно, по два претходни обида завршени со неуспех. Кир рече дека новата влада ќе биде формирана во сабота и дека утре ќе го именува Машар како свој прв заменик. Тој додаде дека безбедносните аранжмани, што е едно од клучните прашања, ќе бидат решени кога ќе се формира владата. - Овие промени се за да завладее мир, рече Кир. Тој ги повика луѓето кои избегаа од Јужен Судан за време на судирите, чиј број изнесува околу два милиона, да се вратат дома. паг/     I

Остани поврзан