• недела, 22 декември 2024

Рибери ги повика Геце и Манџукиќ да потпишат за Фиорентина

Рибери ги повика Геце и Манџукиќ да потпишат за Фиорентина
Фиренца, 19 јули 2020 (МИА) - Фудбалерот на Фиорентина, Франк Рибери, ги покани Марио Геце и Марио Манџукиќ да му се придружат во тој италијански клуб. Како што објавија „Билд“ и „Газета дело дело“, Рибери е неофицијален посредник во преговорите со Геце и Манџукиќ, со кои некогаш играше во Баерн Минхен. Геце и Манџукиќ се слободни агенти. Германскиот фудбалер ја напушти Борусија Дортмунд, а хрватскиот фудбалер го раскина договорот со катарскиот Ал-Духаил по само шест месеци. Рибери (37) го напушти Баерн во 2019 година, по 12 години, и се пресели во Фиорентина. Тој постигна три гола и имаше две асистенции на 18 натпревари пред да го повреди глуждот. Манџукиќ (34) и порано настапувал во Серија А, откако со успех играше во Јувентус пет години. Геце го прослави својот 28 роденден минатиот месец, а за него се заинтересирани Севиља и Атлетико Мадрид. Фиорентина носела ѕвезди на Баерн и во минатото, откако го ангажираше Марио Гомес во 2013 година, кој успешно играше за клубот од Фиренца.

Тагови

Остани поврзан