Рибата, на кој било начин, е вкусна и здрава...
Состојки:
- 800 грама риба по ваш избор
- 200 мл доматен сос/или варени домати/
- 2 главици кромид
- 4 чешниња лук
- 1 китка магдонос
- 1 лажичка сув рузмарин
- 1/2 лажичка мелен бибер
- масло
- сол
Подготовка:
Во масло испржете сецкан кромид на листови и ситно сецкани чешниња лук. Додадете сецкан магдонос, доматен сос, рузмарин, сол, покријте и оставете да се свари. Исчистена, рибата испржете ја во врело масло или подгответе ја печена. Во топлиот доматен сос наредете ја пржената риба. Речиси и не ви треба ништо друго да додадете во ова јадење, а доколку сакате сервирајте со палента.
Фото: Фрипик