• вторник, 03 декември 2024

Бајрам Реџепи: Енергетиката е најмоќно геополитичко оружје, особено по руската инвазија

Бајрам Реџепи: Енергетиката е најмоќно геополитичко оружје, особено по руската инвазија

Атина, 28 април 2023 (МИА) - За жал енергетиката е најмоќно геополитичко оружје, особено по руската инвазија во Украина, порача извршниот директор на „Номагас“, Бајрам Реџепи, истакнувајќи ја притоа важноста на регионалната поврзаност и соработка.

- Во изминатиот период говориме за диверзификација на изворите за снабдување, но мислам дека најважното прашање е регионалната поврзаност, бидејќи ако видите различни земји од регионот, но и од Европа, секоја има различни извори на снабдување, истакна Реџепи, кој учествува на Делфи економскиот форум вo Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Реџепи ги спомена енергетските проекти на Северна Македонија, како со Грција, така и со Бугарија, потенцирајќи дека трите земји работат заедно и изрази надеж дека во следниот период ќе има резултати од таа соработка. 

Тој посочи дека паралелно треба да се инвестира особено во соларната и зелената енергија, што би можело да биде решение за енергетската криза. ср/сп/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан