• четврток, 19 декември 2024

По лебот, поевтинуваат тестенините и млечните производи, следни се шеќерот, јајцата и оризот

По лебот, поевтинуваат тестенините и млечните производи, следни се шеќерот, јајцата и оризот

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Тестенините од 16 март ќе треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти, а за идната недела најавено е можно замрзнување на цените и на шеќерот, јајцата и оризот. Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка, а во спротивно можни се нови построги мерки, најави Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски, вчера на прес-конференција во Владата информираше дека со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспектор

-Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март  до  31 мај 2023 година, рече Ковачевски.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.  

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата, но доколку на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени, најави дека ќе се донесат други одлуки кои, како што рече, може да бидат построги или полиберални.

-Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, на пример, ќе разговараме за тие дополнителни 10 проценти да им дадеме поддршка. Ако одреден сектор, наместо за 10 отсто, ги намали цените на 15 - 20 проценти, тогаш ќе разговараме за да им се излезе во пресрет. Нашата цел е грѓаните да плаќаат пониски цени, потенцира Бектеши. 

Тој смета дека компаниите нема да го чекаат 16 март, туку пред тоа, уште овие денови, ќе ги намалат цените на тестенините и млечните производи.

-Отстапка од овие одлуки нема да има. На 16 март цените мора да бидат намалени. Но, нема да останеме само со овие одлуки. Следат нови, затоа сите да ги почитуваат постоечките. Може новите одлуки да се построги или полиберални, но заедничката цел треба да биде заштита на граѓаните, подвлече Бектеши.

Негова оценка е дека млечната индустрија со ваквата одлука нема да претрпи никакви штети, особено не во снабдувањето на маркетите.

Бектеши, исто така, најави дека идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот. Како што рече, цените најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.

Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.

-Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.

Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Влада

Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека ќе излезе на терен и ќе постапува. Порача дека казните за непочитување на одлуките ќе изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

-Одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и ќе стапат во сила на 16 март 2023 година. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат, велат од ДПИ.

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.    Во споредба со 2020 година

ДПИ, како што посочуваат, ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 отсто. Со одлуката се опфатени и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјo бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан), кисело млеко, павлака и јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 отсто. аа/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан