• недела, 22 декември 2024

Премиерот и министрите од техничката влада почнуваат со своите активности

Премиерот и министрите од техничката влада почнуваат со своите активности

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Преодната влада денеска ќе ја одржи првата седница. Премиерот Талат Џафери откако ја презема функцијата од неговиот претходник Димитар Ковачевски вчера ја закажа седницата на новоизбраниот состав на валдата за напладне. Примопредавања на функциите имаше и во другите министерства. 

Ковачевски и Џафери на вчерашната прес-конференција заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Северна Македонија.

-Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на избоприте. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите горенаведени оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните, рече Џафери.

Outgoing Prime Minister Dimitar Kovachevski has handed over his duties to his successor, caretaker Prime Minister Talat Xhaferi.

Џафери на вчерашната прес-конференција порача дека Уставот и законите ќе бидат основа на која ќе ја базира секоја одлука на Владата и ќе продолжи со успешно спороведување на политиките на владината коалиција. Тој најави одржување и унапредување на стартешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД, како стартешки цели поддржани од независноста на државата, а особено во актуелниот геостратешки момент. Тој уверува дека преодната Влада ќе работи транспаретно и отечно во интерес и благосостојба на граѓаните.

-Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент и Министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се ефикасни  во служба на граѓаните. Ние може да бидеме од различни провиненции во овој владин состав, но има нешто што не се менува, ние сме таму благодарени на вас, вашиот легитимитет и штитење на вашите интереси, создавање на благосостојба на граѓаните, рече Џафери.

Во Министерството за внатрешни работи вчера досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски.

Како што соопшти МВР, на чинот на примопредавањето министерот Тошковски му се заблагодарил на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во Министерството. 

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова денеска стапи на функцијата, а добредојде и посакале министерот за финансии Фатмир Бесими и заменикот-министер за

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова вчера стапи на функцијата, а добредојде и посакале министерот за финансии Фатмир Бесими и заменикот-министер за финансии Филип Николовски. Министерството за финансии во објава на својата веб страница информира дека Бесими одржал состанок со Николоски и Петрова на која и посакал добредојде и успех во работата.

-Ова е прв состанок по конституирање на новата техничка Влада кој помина во конструктивна атмосфера и на кој се разговараше за процесите што се одвиваат во Министерството за финансии и плановите кои се пред нас, информира МФ.

 

Parliament Speaker Jovan Mitreski held Monday the first coordination meeting after his election to the post.

И претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески вчера ја одржа првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата. На средбата, како што се наведува во соопштението, биле разгледани пристигнатите материјали во Собранието во изминатиот период, по што е закажана и првата нова седница, која ќе почне на 7 февруари.

Како што информираат од собраниската прес-служба, покрај претставниците на пратеничките групи во Собранието, на координацијата присуствувале и потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, генералната секретарка Цветанка Иванова и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како претставник на Владата. На координацијата присуствувале и заменик-координаторот на ПГ на СДСМ Диме Велковски, координаторот на ПГ на Алијанса на Албанците Аднан Незири и пратеникот на Левица Борислав Крмов.

Како што посочуваат од собраниската прес-служба, на координацијата било заклучено дека Собранието ќе продолжи со редовна динамика и во полн капацитет и во наредниот период, до почетокот на кампањата за изборите. Посочуваат дека за во деновите што претстојат ќе работат со полn интензитет и собраниските комисии.

Parliament elected on Sunday the caretaker Government led by Talat Xhaferi with 65 votes in favor and 3 against. The transitional government will lead the country 100 days until the general e

Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај. Мандатот на преодната Влада трае од изборот, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници и изборот на новата политичка влада.

Ова е трета преодна или техничка влада од 2016 година. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, а во 2020 година беше Оливер Спасовски.фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан