• понеделник, 23 декември 2024

Рестартирањето на Бундеслигата доби зелено светло и од германското Министерство за труд

Рестартирањето на Бундеслигата доби зелено светло и од германското Министерство за труд
Берлин, 29 април 2020 (МИА) - Планот за обновување на натпреварите во Бундеслигата на 9 мај е уште поблизу до успешна реализација, откако денеска доби зелено светло од германското Министерство за труд. Според идејата на Германската фудбалска лига, остатокот од сезоната во првите две нивоа на фудбалот ќе се доигра во целост, но зад затворени врати. - Доколку концептот е целосно имплементиран, тој ќе обезбеди здравје и безбедност на играчите, тренерите и персоналот за поддршка. Планот на Лигата е разумен, ги минимизира ризиците и затоа е прифатлив во однос на здравјето и безбедноста при работа, рече министерот за труд Бјорн Бенинг. Конечната одлука за обнова на Бундеслигата ќе ја донесе владата по видео-конференцијата на канцеларката Ангела Меркел со министрите во четврток. Рестартирањето на германското првенство ќе биде светол зрак за љубителите на фудбалот во Европа, откако во рок од една недела стана јасно дека две од силните првенства на континентот - оние на Франција и Холандија - нема да бидат комплетирани поради пандемијата од КОВИД-19. Англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига и италијанската Серија „А“, исто така, планираат да ја завршат сезоната, но порано денес италијанскиот министер за спорт призна дека обновата на Серија „А“ изгледа се потешко и дека Италија ја очекува холандско и француско сценарио.

Тагови

Остани поврзан