Реставрирање на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес
- Знакот со огромни букви е поставен 1923 година, со поглед кон светскиот центар на филмските студија.
Лос Анџелес, 19 септември 2022 (МИА) - Познатиот голем знак со буквите „HOLLYWOOD“ (Холивуд) на ридот над Лос Анџелес ќе биде реновиран, соопштија вчера тамошните власти.
Знакот со огромни букви е поставен 1923 година, со поглед кон светскиот центар на филмските студија. Реставраторските зафати ќе почнат денеска и ќе траат околу осум недели, соопшти надлежниот орган за заштита на споменикот, висок 14 метри. „Знакот ја претставува гордоста на Лос Анџелес и едвај чекаме обожавателите ширум светот да ги видат обновените букви“, се вели во известувањето. Реновирањето во пресрет на 100-годишнината од поставувањето на буквите, почнува со нивно миење, а потоа и ќе бидат префарбани. си/