• понеделник, 17 март 2025

Република Српска подготвена да помогне во ублажувањето на последиците од трагедијата во Кочани

Република Српска подготвена да помогне во ублажувањето на последиците од трагедијата во Кочани

Бања Лука, 16 март 2025 (МИА) - Република Српска е подготвена на секој можен начин да помогне во ублажувањето на последиците од огромната трагедија што се случи во Кочани, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик.

„Нашите здравствени установи се подготвени да ги примат повредените и да им ја пружат сета здравствена заштита.Подготвени сме да организираме и санитетски  и хеликоптерски транспорт на повредени“, напиша Додик на платформата Х.

Тој додаде дека РС е подготвена за секаков друг вид помош што ќе ја побараат властите на пријателска Северна Македонија.

„Побарав од Владата на Република Српска да донесе одлука за прогласување ден на жалост во вторник, 18 март“. зш/

Остани поврзан