• петок, 22 ноември 2024

Републикански сенатори бараат од Бајден да го преиспита пакетот помош

Републикански сенатори бараат од Бајден да го преиспита пакетот помош
Вашингтон, 31 јануари 2021 (МИА) -   Група од десет републикански сенатори побараа од американскиот претседател Џо Бајден да го преиспита неговиот пакет помош заради пандемијата во износ од речиси две илјади милијарди долари. Тие наведоа во писмодека сакаат состанок на кој ќе се разговара за компромис за кој веруваат дека може да се добие брза поддршка од двете партии. Во писмото до Бајден, Сузан Колинс, Лиза Мурковски, Мит Ромни и уште седум сенатори најавија дека утре ќе претстават предлог за решавање на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19. Напредокот во усвојувањето на предложениот пакет за поддршка на Бајден за поединци и бизниси ќе биде ран тест за ветувањето на новиот претседател за соработка со републиканците, јавија американски медиуми. Некои сенатори од Републиканската партија, која го загуби мнозинството во Сенатот, ги доведуваат во прашање трошоците за предлогот на Бајден, додека други се залагаат за насочени мерки. Републиканските сенатори не дадоа детали за нивниот предлог во писмото, но посочија дека тоа е во согласност со повикот на Бајден да се издвојат дополнителни средства за да се забрза вакцинацијата и тестирањето, да се вклучи поддршка за училиштата и центрите за згрижување деца, но и да се обезбеди насочена помош за семејства на кои им е потребна, и поголема финансиска помош за малите бизниси. Сенаторите не го наведоа вкупниот износ на предложениот план, но додадоа дека парите од претходниот пакет помош усвоен минатата година се уште не се потрошени. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан