Репрезентативци на Македонија во бокс на подготовки во Куманово
- Репрезентативците ќе се натпреваруваат Montenegro cup. Купот ќе се одржи во Будва, Црна Гора од 15 до 20 март 2026 година, а големото финале е на 21 март.
Куманово, 12 март 2026 (МИА) - Репрезентативците на Македонија во бокс, тренираат во кумановската спортска сала, соопштија денеска од општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски ја посети спортската сала во Куманово каде се спроедуваат подготовки на репрезентативците на Македонија во спортската дисциплина бокс, за претстојниот Montenegro cup. Купот ќе се одржи во Будва, Црна Гора од 15 до 20 март 2026 година, а големото финале е на 21 март.

-Репрезентативците кои доаѓаат од Битола, се на седумдневен престој во Куманово, усовршувајќи ги своите борбени вештини и техники, со помош на тренерите Самет Салиевски и Мухамед Алија. Задоволството да тренираат во реновираната спортска сала им припадна на браќата Рустемови, од кои Ален Рустемов е прогласен за најдобар спортист во Македонија за 2025 година- наведуваат од општината.

Димитриевски им посака успех на првенството, ветувајќи дека Општина Куманово ќе продолжи да инвестира во обезбедување и подобрување на условите за квалитетни тренинзи и турнири, кои ќе донесат медали и признанија на Куманово. ам/вј/
Фото: Општина Куманово