Репрезентативката Ричлиева ја продолжува кариерата во словачки Спартак Комарно
- Македонската одбојкарска репрезентативка, Софија Ричлиева (25), ја продолжува интернационалната кариера во словачкиот клуб Спартак Комарно.
Струмица, 8 мај 2025 (МИА) - Македонската одбојкарска репрезентативка, Софија Ричлиева (25), ја продолжува интернационалната кариера во словачкиот клуб Спартак Комарно.
Таа потпиша за овој клуб, а минатата сезона настапуваше во Финска, во клубот Џими од Нурмо.
Ричлиева, која игра на позицијата техничар, минатата сезона настапуваше за финскиот клуб Џими од Нирмо, а на словачкиот прволигаш треба да му помогне да влезе во плејофот.
Словачка за Ричлиева е нова дестинацијата во нејзината богата интернационална кариера, откако претходно настапуваше за екипи од Италија, Турција, Косово, Данска, Грција, Хрватска и Шпанија.
Софија Ричлиева е ќерка на поранешниот долгогодишен тренер на ОК Струмица, Кирил Ричлиев, од кого, уште на седумгодишна возраст, почнала да ги совладува тајните на одбојката. рт/ег
Фото: приватна архива