• недела, 07 јули 2024

Реновирање во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес

Реновирање во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес
Велес, 3 септември 2021 (МИА) - Почетокот на новата учебна година учениците и наставниците во електро-машинското ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес ја започнаа во комплетно реновирани три ката од стариот дел на училиштето, ходниците и скалите. Реновирани се 12 училишни кабинети информира за МИА, директорката Весна Стојанова Богоевска. Секој кабинет е опремен со лцд проектор и смарт табла или телевизор. -На овој начин ќе се обезбеди поквалитетен образовен процес и зголемување на интересот за нови знаења, потенцира Стојанова Богоевска. Воедно во училиштето е заменето старото неефикасно со ново лед енергетски  штедливо осветлување.Во моментот привршуваат градежните работи  на уредување на училишниот двор. Реновирањето во училиштето како што информира директорката Стојанова Богоевска е овозможено од финансиски средства кои на училиштето му останале од блок дотации што училиштето ги добива од МОН и Општина Велес. ад/свс/

Остани поврзан