• понеделник, 23 декември 2024

Во девет училишта во Тетово е реновирано за време на зимскиот распуст

Во девет училишта во Тетово е реновирано за време на зимскиот распуст

Тетово, 22 јануари 2024 (МИА) - За време на зимскиот распуст, Општина Тетово спровела активности за реновирање делови од девет училишта, информираше денеска локалната самоуправа по повод почетокот на второто полугодие од учебната година.

Според општината, учениците од основните и средните училишта денескз се вратиле во училишните клупи во значително подобри услови.

-Општина Тетово инвестираше во речиси сите основни и средни училишта, почнувајќи со бојадисување на училниците, уредување на внатрешните простории, обложување ѕидови, реновирање на тоалетите, замена на вратите од училниците и многу други инвестиции со кои учениците ќе се чувствуваат поудобно и побезбедно, се вели во соопштението.

Во пресрет на почетокот на второто полугодие, во средното медицинско училиште е изграден амфитеатар, а во средното економско се реновирани сите тоалети.

Во ОУ „Прпарими“ е уреден просторот за дневен престој за деца од предучилишна возраст, во ОУ „Наим Фрашери“ се реновирани тоалетите, прозорците и е поставена рампа на влезот на училиштето.  ОУ „Братство-Миѓени“ добило нови врати, а бојадисување е направено во ОУ „Лирија“, „Кирил и Методиј“,  ОУ „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“-Порој и во ОУ „Истикбал“-Лисец.  

Според општинската евиденција, во учебната 2023/2024 година во основните и средните училишта во Тетово се запишале околу 170 ученици помалку во споредба со претходната школска година, пред сè поради иселување на семејствата во земји од Европа. ас/хс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан