• недела, 16 март 2025

Ре-Медика ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани

Ре-Медика ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Ре-Медика, првата приватна општа болница, соопшти дека ги понудила своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани.

 -Изразувајќи надлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите, со желба за брзо опоравување на повредените, веднаш, на Министерството за здравство им ги ставивме на располагање нашите капацитети, изјави проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на болницата. 

Од болницата информираат дека во овој момент таму нема сместени повредени во пожарот. вг/

Фото: Ре-медика болница фб 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан