• сабота, 13 јули 2024

Рекордни 50 поени за Џејлен Браун во триумфот на Бостон против Орландо

Рекордни 50 поени за Џејлен Браун во триумфот на Бостон против Орландо
Бостон, 3 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун го собори својот личен рекорд на натпреварот против Орландо одигран ноќеска на домашен терен. Браун средбата ја заврши со 50 поени. Селтикс успеаја да се вратат од -14 (82:96) во четвртата четвртина и да победат со 116:111 по продолжение. Џејлен Браун постигна 21 поен во последните 12 минути од регуларното време и додаде уште три во продолжението. Претходниот рекорд на ѕвездата на Бостон беше 46 поени и беше поставен против Њујорк никс на 20 октомври. Браун стана седмиот играч во историјата на Селтикс со 50 поени по натпревар. - Моравме да победиме денеска. Едноставно не можевме да загубиме. Тоа не би било многу добро, изјави Браун. Бостон, благодарение на успехот на домашен терен, го избегна четвртиот пораз во последните пет натпревари. зс/

Остани поврзан