• петок, 22 ноември 2024

Рекордни 22 трки во Мото ГП календарот во 2025

Рекордни 22 трки во Мото ГП календарот во 2025


Париз, 26 септември 2024 (МИА) – Светскиот шампионат во Мото ГП ќе организира рекордни 22 трки во 2025 година, во која ќе отпадне Казахстан, а ќе бидат вклучени Чешка и Унгарија, предвидува привремениот распоред од промоторот Дорна и Меѓународната мотоциклистичка федерација.
Прва станица ќе биде Тајланд на 2 март, додека Катар, кој традиционално ја отвора сезоната со ноќна трка, ќе биде на распоред во средината на април, поради Рамазан.
Следува трката за Големата награда на Франција од 9 до 11 мај, две недели пред трката во Велика Британија. Во јули ќе се вози трка во Чешка, а во втората половина на август во Унгарија.
Трките во Индонезија, Австралија, Малезија и Шпанија се планирани за есен 2025 година.
Рекордни 22 трки беа планирани и за оваа година, но беа откажани натпреварувањата во Аргентина, Казахстан и Индија, а додадена е трката за Големата награда на Емилија Ромања. ег

ФОТО: Фејсбук

 

 

Остани поврзан