• четврток, 06 март 2025

Рекордни 200.000 пријавени за настап на маратонот во Њујорк

Рекордни 200.000 пријавени за настап на маратонот во Њујорк


Њујорк, 5 март 2025 (МИА) – Повеќе од 200.000 луѓе се регистрираа на лотаријата за место кое би им обезбедило настап на овогодишниот маратон во Њујорк, објавија денеска организаторите.
Според податоците, ова претставува зголемување од 22 отсто во однос на 2024 година.
Само околу два до три проценти од овој рекорден број апликанти ќе бидат прифатени преку извлекувањето, рекоа организаторите, наведувајќи дека во опција се и други можности за настап.
Њујоршкиот маратон кој се трча низ пет градски квартови лани го собори рекордот за најмасовен маратон со 55.646 тркачи кои минаа низ целта во Централ парк.
Њујоршкиот маратон ќе се одржи на 2 ноември. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан