Рекордни 125 странци сезонава во НБА лигата
- Ова е трета сезона во серија во која во најсилната кошаркарска лига во светот ќе настапат повеќе од 120 странски играчи и десетта во низа со повеќе од 100 странци во НБА екипите.

Њујорк, 24 октомври 2023 (МИА) – Рекордни 125 кошаркари од 40 земји на шест континенти ќе бидат дел од новата сезона во НБА лигата која почнува вечерва со натпреварот меѓу актуелниот шампион Денвер и Лос Анџелес лејкерс.
Ова е трета сезона во серија во која во најсилната кошаркарска лига во светот ќе настапат повеќе од 120 странски играчи и десетта во низа со повеќе од 100 странци во НБА екипите.
Сите 30 НБА тимови сезонава ќе имаат по најмалку еден кошаркар од странство.
Канада е најзастапена со 26 играчи, а следат Франција со 14 и Австралија со девет кошаркари. ег/
ФОТО: Х