• петок, 22 ноември 2024

Рекорден број новозаразени во Грција од почетокот на пандемијата, се зголемува притисокот врз здравствениот систем

Рекорден број новозаразени во Грција од почетокот на пандемијата, се зголемува притисокот врз здравствениот систем
Атина, 30 октомври 2021 (МИА) – Со 4.696 нови случаи на Ковид-19 регистрирани во изминатите 24 часа, Грција достигна нов негативен рекорд по бројот на новозаразени на дневно ниво од почетокот на пандемијата, а од ден на ден се зголемува и притисокот врз здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, најголемиот број, 943 се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а втор е Солун со 872 случаи. Со оглед на тоа дека тестовите се задолжителни за невакцинираните вработени, и овој пат, направен е и голем број тестови, вкупно 276.984, од кои 260.618 се рапид, а останатите ПЦР. Во изминатото деноноќие починаа 38 лица, со што бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 15.894. Дополнително, зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 404, 12 повеќе од вчера. Од нив, 344 односно 85,15 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани, а останатите 60 (14,85 проценти) се целосно вакцинирани. Последен пат, речиси 4.700 нови случаи во Грција беа регистрирани пред два месеца, кон крајот на август годинава. ср/паг/

Остани поврзан