• петок, 22 ноември 2024

Реконструкција на локалниот пат Илинден - Хиподром

Реконструкција на локалниот пат Илинден - Хиподром

Скопје, 15 септември 2023 ( МИА) - Општина Илинден денеска во рамки на проектот за Реконструкција на локалните патишта и улици, почна со реконструкција на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром,

Како што информираат од Општина Илинден, увид на градежните работи на терен и динамиката на активностите изврши градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски каде што тој се запозна со активностите на патот кој ќе биде реконструиран во должина од 700 метри и широчина од 6 метри.

-Овој проект се реализира во соработка со Центарот на Скопски плански регион и предвидено е да биде завршен во рок од 90 дена, соопштија од Општината.

Локалниот пат Илинден – Хиподром, како што се наведува во соопштението е од големо значење за жителите, затоа што Општината ја поврзува со Градот Скопје, со локалната економска зона и е главна артерија за јавниот превоз во општината.  -Така што, со реконструкцијата ќе се обезбеди поголема безбедност на возачите кои го користат овој пат и  ќе се создаде безбедна патна инфраструктура и решавање на проблемите на граѓаните, се додава во соопштението. љм/ац/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан