• четврток, 19 март 2026

Реконструкција и асфалтирање на четири улици во населеното место Бел Камен

Реконструкција и асфалтирање на четири улици во населеното место Бел Камен

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Општина Бутел презема активности за асфалтирање на четири улици во населеното место Бел Камен, информираат од локалната самоуправа.

Покрај тоа, како што велат во соработка со Град Скопје поставена е нова водоводна мрежа, во должина од 610 метри.

-Општина Бутел продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места и вложува во проекти за квалитетно водоснабдување и непречен проток на чиста вода за граѓаните. Градоначалникот Дарко Костовски останува посветен на создавање услови за рамномерен развој на сите населени места во општината, нагласуваат од Општина Бутел.вј/са/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан