• понеделник, 23 декември 2024

Реконструктивни зафати на објектот на ОВР Гевгелија

Реконструктивни зафати на објектот на ОВР Гевгелија
Гевгелија,3 декември 2020 (МИА) - На зградата на ОВР Гевгелија и полициската станица од општа надлежност, во тек се градежни активности за нејзина темелна реконструкција. Градежните зафати опфаќаат санација на кровната конструкција, замена на старата со нова столарија, ставање на термофасада, промена на олуци, електрична инсталација и подови во дел од просториите, молеро фарбарски работи и замена на санитарните чворови. Од СВР Струмица, под чија надлежност се наоѓа ОВР Гевгелија, соопштија дека реконструктивните зафати на полициската зграда во Гевгелија ќе чинат околу седум милиони денари кои ќе бидат обезбедени од буџетот на МВР за 2021 година. - Средствата се планирани во ставките кои означуваат реконструкција и изградба на објекти, како и во непречена реализација на континуирано обезбедување униформи за полициските службеници, лична заштитна опрема и средства за дезинфекција како одговор на здравствената криза, рече Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица. им/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан