• петок, 05 декември 2025

Реконструирани спортските терени во средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“

Реконструирани спортските терени во средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“

Скопје, 4 јули 2025

Во средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“ ги реконструиравме спортските терени со цел создавање поквалитетни услови за спроведување на наставата по физичко образование и подобрување на инфраструктурата за спорт и рекреација за нашите средношколци.

Во рамки на градежните работи комплетно се реконструирани атлетската стаза, теренот за кошарка и теренот за одбојка, прилагодени за потребите на учениците и наставниот кадар, со што Град Скопје континуирано ги унапредува условите за одвивање на наставниот процес во скопските средни училишта.

Со реализацијата на овие активности се создадени современи, безбедни и функционални услови за изведување на наставата по физичко образование, како и за организирање на дополнителни спортски и рекреативни активности за учениците, што воедно придонесува за подобрување на нивниот севкупен развој и благосостојба.

 

Одделение за односи со јавност на Град Скопје 

________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје 

Остани поврзан