• понеделник, 08 декември 2025

Река во Австралија полна со крокодили, е прогласена за погодна за ОИ 2032

Река во Австралија полна со крокодили, е прогласена за погодна за ОИ  2032

Канбера, 22 октомври 2025 (МИА) - Реката Фицрој, дом на крокодили, е прогласена за погодна за натпревари со кајак и кану на Олимписките игри во 2032 година, објави „The Australian“.

Според тамошниот медиум, Независниот орган за координација на инфраструктурата на игрите (GIICA) спроведе почетна техничка проценка на реката во Квинсленд и ја потврди нејзината усогласеност со потребните барања.

Во април, Светското веслање ја прогласи реката Фицрој за несоодветна за натпревари.

Олимписките игри во 2032 година ќе се одржат од 23 јули до 8 август во Бризбејн и околниот регион на Југоисточен Квинсленд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан