• недела, 22 декември 2024

Реисот Шаќир Фетаи упати честитка по повод Фитр Бајрам

Реисот Шаќир Фетаи упати честитка по повод Фитр Бајрам
Скопје, 1 мај 2022 (МИА) - Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме, вели Реисул Улема Шаќир Фетаи во честитката упатена до верниците од исламска вероисповед по повод празникот Фитр Бајрам.
Жедта и гладот за време на постот, како што се наведува, ја зајакнаа нашата грижа за човекот, така што ние денес на овој голем ден сме посолидарни и похумани од кога било досега, и овој принцип теоретски и практично го дефинира чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност.
-Да се биде достоен припадник на исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе, непоколебливи во провокациите и предизвиците на животот за да ги надминете, близок со луѓето, праведен во секојдневниот живот, простување на пропустите од другите, како и вистински помошник на луѓето, пишува Фетаи.
Според него, најголем предизвик денес е војната. -Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво, пишува Фетаи.
- Почитувани верници, браќа и сестри. Денес, на овој ден на радоста на Рамазан Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Алах да ни даде сила на верата, храброст за простување и помирување, да ни даде насмевка за со другите да ги отвориме патиштата на надежта, на иднината, решителноста во нашето патување и да негуваме уште посветла сегашност и иднина, ви дава радост и надеж во срцата на сиромашните, луѓето со физички и духови тешкотии, семејствата кои ги загубиле своите најблиски од пандемијата Ковид-19, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред се благодарни на Алах, наведува Фетаи во честитката.
Фетаи од него и во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, институции и верско-образовни институции изразува срдечни честитки и наведува „молејќи го Семоќниот Алах да ги прифати со Негова милост сите наши ибадети, нашиот пост и сите наши дела направени во месец Рамазан“.
Дел од честитката на претседателот на ИВЗ се состои и од делови од Коранот.  мд/сст/

Остани поврзан