• недела, 22 декември 2024

Резников за Си-ен-ен: Ќе продолжиме со напади врз мостот Керч и Крим, како легитимни цели

Резников за Си-ен-ен: Ќе продолжиме со напади врз мостот Керч и Крим, како легитимни цели

Киев, 25 јули 2023 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека Украина ќе продолжи со нападите кон привремено окупираниот Крим и на мостот Керч.

Во интервју за Си-Ен-Ен, тој кажа дека „сите овие цели се легитимни“, бидејќи нивното гранатирање ќе ја намали способноста на Русите да се борат против Украина и ќе помогне да се спасат животите на Украинците, пренесуваат украинските медиуми.

„Нормална тактика е да ги уништите логистичките линии на вашиот непријател за да ги спречите да добијат повеќе муниција, гориво, храна и слично. Затоа ќе ја користиме оваа тактика против нив“, рече Резников на прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот.

Зборувајќи за тоа дали Украина планира да нападне руски бродови во Црното Море како одговор, Резников рече дека Украина има потенцијал.

„Имаме оружје, како што беше случајот со крстосувачот „Москва“, и ако ни се закануваат во Црното Море, ќе мора да одговориме“, рече тој. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан