• сабота, 06 декември 2025

Ред Бул се соочува со масовен егзодус на инженерски кадар

Ред Бул се соочува со масовен егзодус на инженерски кадар

Мадрид, 29 март 2025 (МИА) - Тимот на Ред Бул продолжува да губи членови од својот инженерски кадар.

Според „Marca“, многу од инженерскиот тим на Хонда ја одбиле можноста да се приклучат на одделот за развој на мотори на Ред Бул. Тие летово ќе започнат со краш курс во Јапонија, земајќи неколку месеци одмор пред да почнат да го развиваат идниот мотор на Астон Мартин.

Многу инженери ќе го напуштат тимот во блиска иднина - пред етапите во Бахреин и Саудиска Арабија, веднаш по следната трка во Јапонија.

Ред Бул има освоено 36 поени на првите три трки од сезоната 2025 година. Трката за ГН на Јапонија ќе се вози од 4 до 6 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан