• петок, 22 ноември 2024

Реднап: На Тотенхем му треба магијата на Бејл

Реднап: На Тотенхем му треба магијата на Бејл
Лондон, 16 септември 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап е на мислење дека „спарс“ треба да го вратат крилото Герет Бејл низ сегашниот преоден рок. „Петлите“ разговараат со сегашниот клуб на велшанецот Реал Мадрид за потенцијален договор за враќање на фудбалерот во Северен Лондон. Бејл претрпе голем број повреди во текот на последната кампања, но дури и кога беше здрав, честопати беше изоставен од групата на „кралскиот клуб“ од тренерот Зинедин Зидан и одигра само 20 натпревари на сите турнири во текот на изминатата кампања. Хари Реднап е на мислење дека 31-годишниот играч би бил одлично ново засилување за Тотенхем. - Тој ќе биде одлично ново засилување во тимот и ќе биде одлично да го видам Гарет како игра повторно. Тој е неверојатен играч, голем талент и е загуба кога не го гледаме во игра. Доколку се врати во Тотенхем, тоа може да ја промени нивната сезона. Тие се претставуваат просечно во последните шест месеци. На тимот му треба магијата на Герет. Ако се пресели во нив, или во Манчестер Јунајтед, тоа ќе направи огромна разлика во нивниот перформанс, изјави Хари Реднап за Би-Би-Си Велс. Герет Бејл се пресели од Тотенхем во Реал Мадрид летото 2013 година за тогаш рекордни 100 милиони евра. Велшанецот им помогна на „белите“ двапати да ја освои Ла Лига и четири трофеи во Лигата на шампионите постигнувајќи голови во две од финалињата на најсилниот клупски турнир во Европа.

Тагови

Остани поврзан