• четврток, 19 декември 2024

Регионални избори во Франција: Десницата - водечка сила во земјата

Регионални избори во Франција: Десницата - водечка сила во земјата
Париз, 27 јуни 2021 (МИА) - Според првичните проценки по затворањето на гласачките места, со 38 отсто од гласовите на национално ниво, републиканците и нивните сојузници се чини дека се водечка политичка сила на помалку од една година пред претседателските избори во Франција, јави дописникот на МИА. Денешните резултати на еден начин се „будење на стариот свет“. Додека резултатите од првиот круг на регионалните избори минатата недела се појавија како изненадување во поглед на неодамнешните анкети, првите проценки за вториот круг, објавени оваа недела, ги потврдуваат забележаните трендови. Десницата навистина излегува од овие избори со статус на водечка политичка сила во земјата, бидејќи републиканците и нивните сојузници добија 38 отсто од гласовите на национално ниво, според институтот Ифоп-Фидусиал за ЛЦИ/ТФ1. Тие се пред сојузот на левицата и еколозите, кои одлично се спротивставија со 34,5 отсто од гласовите. Зад нив, националниот собир е сериозно погоден, со само 20,5 отсто од гласовите. Ова е вистинско разочарување за партијата на Марин Ле Пен, која сметаше на овие избори за да освои еден или повеќе региони и со тоа да изгради динамика за претседателските избори во 2022 година. Па дури и во регионот Прованс-Алпи-Азурен брег, десницата предводена од Рено Музолие ја лиши Марин Ле Пен од очекуваната победа, бидејќи тој освои 56 отсто од гласовите, наспроти 44 отсто за Тиери Мариани. Како и што се очекуваше, мнозинството на претседателот се најде на последното место, со едвај 7 отсто од гласовите. Оваа нова шлаканица, по онаа на општинските избори во 2020 година, сурово го потврдува недостигот на локално прицврстување од кое страда Републиката во марш, партијата на Емануел Макрон. Французите повторно малку гласаа на денешните двојни избори, односно само околу една третина од гласачите се појави пред гласачките места, односно не гласаа околу 65,7 отсто од Французите.тг/

Остани поврзан